ШТРАЈК НА ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ ВО ПОНЕДЕЛНИК НА ТРИ ПРЕМИНИ КОН МАКЕДОНИЈА Патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, а камиони никако

Штрајкот ќе се одвива во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време).

1,436

Во понеделник наутро ќе штрајкуваат грчките царински службеници на граничните премини, соопшти македонското Министерството за внатрешни работи.

Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).






Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.

Поврзани содржини