НИКОЛ КИДМАН И АМЕРИКАНСКИ БИЗНИСМЕН УЛОВЕНИ ВО РОМАНТИЧНА СЦЕНА Дали славната актерка почнува ново поглавје по разводот од Кит Урбан?

Минатата недела, добитничката на Оскар беше фотографирана во Портофино, Италија, со бизнисменот Мајкл Рајнштајн пред нејзиниот луксузен хотелски апартман, а сè изгледаше како сцена од некој романтичен филм.

769

Никол Кидман деновиве престојува во живописното Портофино, а фотографиите од нејзиниот одмор на италијанската ривиера станаа тема на бројни медиуми и социјални мрежи.

Оскаровката беше фотографирана на тераса од луксузен хотел во друштво на американскиот бизнисмен Мајкл Рајнштајн. Облечена во елегантен свилен комплет во шампањ нијанса, Кидман изгледаше опуштено додека разговараше со својот соговорник, кој со неа на балконот.






Фотографиите, направени во романтичниот амбиент на Портофино, поттикнаа бројни шпекулации за природата на нивниот однос. Сепак, засега нема официјални информации дека меѓу нив постои романтична врска.

Инаку, Рајнштајн е успешен американски бизнисмен. Тој е основач, претседател и извршен директор на инвестициската компанија „Regent“, со седиште во Беверли Хилс.

Во текот на кариерата работел и во агенцијата за таленти ICM Partners, а има и диплома по право. Неговата деловна империја опфаќа компании од областа на модата, медиумите, малопродажбата и индустријата.

Освен во бизнисот, Рајнштајн е активен и во хуманитарниот сектор преку организација која им оддава признание на американските воени ветерани и припадници на вооружените сили.

Додека статусот на врската на Кидман и Рајнштајн останува непотврден, ќе се потсетиме и дека во февруари се раширија гласини дека актерката се забавува со Пол Салем, претседател на одборот на MGM Resorts International.

Сепак, според извор на списанието OK!, Кидман е официјално слободна и среќна и фокусирана на своите деца и семејството. Па така, на одморот во Италија на актерката ѝ се придружија и нејзината сестра, Антонија, и нивните деца, а најстарата ќерка на Никол, Сандеј Роуз, сподели фотографија од себе и братучетка ѝ Сибела Хоули како се одмараат во Портофино.

Поврзани содржини