📽️ 📷 ЏИНОТ ШТО ГО ВООДУШЕВИ СКОПЈЕ Огромниот Боинг 777 на индиската претседателка беше вистински спектакл
Еден од најголемите патнички авиони во светот беше вистинска атракција на Меѓународниот Аеродром Скопје за време на посетата на претседателката на Индија, Друпади Мурму.
Еден од најголемите патнички авиони во светот – Боинг 777, кој ја превезуваше претседателката на Индија Друпади Мурму, беше вистинска атракција на Меѓународниот Аеродром Скопје за време на нејзината дводневна официјална посета на Македонија.
Станува збор за најголемиот двомоторен широкотрупен патнички авион во светот, кој многу ретко слетува на скопскиот аеродром. Токму затоа неговото пристигнување привлече големо внимание кај љубителите на авијацијата и кај вработените на аеродромот.
„Еден од најретките посетители на Скопје! Боинг 777 што ја превезува претседателката на Индија го искористи целиот капацитет на пистата пред импресивното полетување“, беше објавено со видеото на инстаграм профилот „aviosnapper“.
View this post on Instagram
Официјалниот авион на индиската претседателка е еден од највпечатливите воздухоплови што во последните години слетале на скопскиот аеродром, а неговите димензии и моќ оставија силен впечаток кај сите што имаа можност да го видат одблиску.