СО СМРТНИ ЗАКАНИ ЈА ТЕРАЛ СОПРУГАТА ДА СМЕНИ ИСКАЗ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Побаран притвор за 50-годишен тетовец

Потоа, осомничениот отишол на нејзиното работно место, каде што пред нејзиниот претпоставен почнал да вика дека таа не смее да работи таму и дека, ако ја најде, ќе ја убие.

366

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишен маж, осомничен за кривично дело загрозување на сигурноста, откако, според обвинителството, со сериозни закани ја заплашувал сопругата за време на семејно насилство.

За осомничениот е доставен и предлог до надлежниот суд за определување мерка притвор.

Според истрагата, на 20 јули, пред сопругата да даде исказ во обвинителството во врска со претходна пријава за семејно насилство, тој се обидел да влијае врз неа да ја промени изјавата.

Од жената барал да каже дека претходниот настан не се случил, дека двајцата се смириле и дека живеат заедно без проблеми. Откако дознал дека таа останала на својата претходна изјава, телефонски ѝ се заканил дека ќе ја убие, поради што таа не се вратила во домот.

Потоа, осомничениот отишол на нејзиното работно место, каде што пред нејзиниот претпоставен почнал да вика дека таа не смее да работи таму и дека, ако ја најде, ќе ја убие.

Заканите ги повторил и пред родителите на оштетената, со што, според обвинителството, кај жената предизвикал чувство на страв, несигурност и загрозеност.

Поврзани содржини