ТИНЕЈЏЕР УКРАЛ КОЛА ОД ЦРВЕН КРСТ И НАПРАВИЛ ’РШУМ Удрил во неколку паркирани возила

При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.

198

Ноќеска, кратко по полноќ на улица Мајор Чеде Филиповски во Гостивар, полициски службеници го уапсила Е.С.(18) од Гостивар.

Тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен” со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила.






При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини