ГО НАТЕРАЛА 14-ГОДИШНИОТ СИН ДА ГО ОГРАБИ СВОЈОТ ДЕДО Од дома му украл 17.300 евра

За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници.

143

Полициски службеници од ОВР Неготино вчеравечер ја уапсил К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле приведени постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка.






За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот. К.Л. била задржана во полициска станица.

Поврзани содржини