14-ГОДИШНИК ПИЕЛ АЛКОХОЛ ВО КАФАНА, СО ОНЕСВЕСТИЛ, ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Кривична пријава за охридски угостител

Било утврдено дека на малолетникот му бил послужен алкохолен пијалак, без од него да биде побаран документ за идентификација и проверка на возраста.

101

Четиринаесетгодишен охриѓанец завршил во Општата болница во Охрид откако консумирал алкохол во угостителски објект во градот. Полицијата поднесе кривична пријава против фирмата што го управува објектот и против сопственикот и управител Е.Н. од Охрид, поради сомнение за овозможување консумирање алкохол на дете.

Според пријавата на СВР Охрид, при полициска контрола во угостителски објект на улицата „Партизанска“ било утврдено дека на малолетникот му бил послужен алкохолен пијалак, без од него да биде побаран документ за идентификација и проверка на возраста.

По консумирањето на пијалакот, 14-годишното момче се онесвестило, по што било пренесено на лекарска помош во Општата болница во Охрид.

Поврзани содржини