🎥 АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ИРАН ГО КОРИСТАТ СВОЈОТ НАЈМОЌЕН БОМБАРДЕР Б-1 Тоа е знак за нова ескалација на војната

Овој тип авион бомбардер може да носи десетици крстосувачки ракети или до 24 бомби со тежина од околу 900 килограми.

214

Американската армија пред два дена за напад врз цели на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го употреби стратешкиот бомбардер Б-1, објави американскиот портал Аксиос.

– Тоа е прва мисија на авион бомбардер Б-1, од кога пред 12 дена повторно почнаа судирите помеѓу САД и Иран и претставува значително проширување на американската воена кампања, наведува Аксиос.






Авионот Б-1 полетал од воздухопловна база во Велика Британија, а неговите движења биле евидентирани на јавно достапните услуги за следење на летовите. Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) објави дека американските сили тој ден ги таргетирале иранските воени оперативни центри, поморските објекти, хангарите за авиони, објектите за складирање на беспилотни летала и логистичката инфраструктура, со цел да се намали способноста на Иран да го загрози комерцијалниот сообраќај во Ормуска Теснина.

Но, ЦЕНТКОМ не наведе кои цели ги погодил бомбардерот Б-1 или дали неговата мисија имала поголем ефект од претходните воздушни напади.

Овој тип авион бомбардер може да носи десетици крстосувачки ракети или до 24 бомби со тежина од околу 900 килограми, поради што неговото распоредување претставува видлива ескалација на воената операција. Б-1 може да лета побрзо од брзината на звукот на мали височини, додека носи најголем товар бомби од сите видови бомбардери.

Поврзани содржини