ЗА ОДБРАНАТА НА САД ОДОБРЕНИ РЕКОРДНИ 1.150 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Претставничкиот дом го усвои предложениот буџет

Меѓу одредбите што предизвикаа критики е и клаузулата со која значително се проширува американско-израелската соработка во областа на воените технологии.

50

Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 билиони (1.150 милијарди) долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп.

Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот.






Демократите се спротивставија на значителното зголемување на средствата за Пентагон, оценувајќи дека тоа доаѓа во период кога се кратат буџетите за социјалните програми.

Меѓу одредбите што предизвикаа критики е и клаузулата со која значително се проширува американско-израелската соработка во областа на воените технологии, и покрај повиците на дел од американската јавност за намалување на поддршката за Израел поради големиот број палестински жртви во израелските напади врз Појасот Газа.

Републиканците, пак, оценија дека буџетот од над билион долари е неопходен за поддршка на вооружените сили во услови на војната со Иран, како и за финансирање на развојот на одбранбени системи и друга воена опрема.

Законот предвидува и зголемување на платите на припадниците на вооружените сили од пет до седум проценти во следната година, во зависност од нивниот чин.

Поврзани содржини