УРАГАНОТ СОБОРИ ПОВЕЌЕ ДРВЈА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК Ќе се садат нови дрвја и ќе се обележат старите и небезбедни стебла

Екипите се на терен и интензивно го расчистуваат просторот и го подготвуваат за ново озеленување и засадување уште повеќе дрвја, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

352

Во страшното невреме, проследено со силен и разорен ветер, Градскиот парк се соочи со тешки последици, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој сподели видео на фејсбук, со активностите за расчистување на паднатите дрвја.






„Екипите се на терен и интензивно го расчистуваат просторот и го подготвуваат за ново озеленување и засадување уште повеќе дрвја. Паралелно се спроведува и стручна проценка и маркирање на старите, заболени и небезбедни дрвја. На нивно место ќе бидат засадени нови, здрави садници, со што паркот ќе стане уште позелен и побезбеден“, објави Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини