📽️ 350 ЛУКСУЗНИ ЛЕЖАЛКИ УКРАДЕНИ ВО ИТАЛИЈА СЕ ПОЈАВИЈА ВО АЛБАНИЈА Туристка ги пронашла на плажа кај Драч

Лежалките вредни околу 45.000 евра исчезнале од базенски комплекс во Италија, а по повеќе од две години биле забележани на плажа во Албанија, каде туристите секојдневно ги користат.

142

Необичен случај на кражба на 350 луксузни лежалки од Италија доби неочекуван пресврт откако една туристка ги пронашла на плажа во Албанија, стотици километри од местото од каде што биле украдени.

Лежалките исчезнале во јуни 2024 година од базенскиот комплекс „Onde Chiare“ во италијанскиот град Реџо Емилија, а нивната вредност била проценета на околу 45.000 евра.






И покрај истрагата, случајот долго време останал нерешен, сè додека туристка за време на летување во местото Капо Родони, во близина на Драч, нѐ забележала голем број лежалки со препознатливото лого на италијанскиот комплекс.

Бидејќи претходно ги видела истите лежалки во Италија, таа веднаш ги контактирала сопствениците на комплексот „Onde Chiare“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gazzetta di Reggio (@gazzetta_re)

Тие потврдиле дека станува збор за нивниот украден инвентар и ангажирале адвокат во Албанија за да се обидат да го решат случајот. Сепак, иако точно знаат каде се наоѓаат лежалките, нивното враќање засега не е овозможено.

Сопственикот на комплексот, Енрико Кавацони, за италијанските медиуми изјавил дека е разочаран што и по повеќе од две години нема решение.

– Знаеме каде се лежалките, но сè уште не успеваме да најдеме начин да ги вратиме – изјавил Кавацони.

Фотографии објавени на социјалните мрежи, наводно, покажуваат дека лежалките и понатаму се наоѓаат на плажата во Албанија, каде што туристите секојдневно ги користат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky tg24 (@skytg24)

Додека сопствениците продолжуваат да се борат за враќање на својот имот, оваа необична приказна и понатаму го привлекува вниманието на јавноста. Драч, едно од најпознатите албански летувалишта, во последните години привлекува сè поголем број туристи благодарение на долгите песочни плажи, шеталиштата покрај морето и поповолните цени во споредба со многу други медитерански дестинации.

Но, за сопствениците на италијанскиот комплекс, одморот од соништата се претворил во повеќегодишна потрага по 350 исчезнати лежалки.

Поврзани содржини