ПОЖАРНИКАРИ ЧАС И ПОЛОВИНА ИЗВЛЕКУВАА ПРИКЛЕШТЕНА ЖЕНА ОД ПРЕВРТЕНО ВОЗИЛО Сообраќајка на патот Дојран-Богданци

На повикот за помош одговориле три противпожарни единици од Гевгелија, Валандово и Дојран.

195

Пожарникари рано изутринава спасија три лица од превртено возило со гевгелиски регистарски ознаки на раскрсницата од Дојран кон село Ѓопчели, информира Центарот за управување со кризи.

Сообраќајката бил пријавена рано изутринава на меѓународниот број за итни случаи за помош 112. На повикот за помош одговориле три противпожарни единици од Гевгелија, Валандово и Дојран. Кога пристигнале на местото тие затекнале возило „берлинго“, превртено на покривот, со три лица внатре.






Двате лица биле набрзо извлечени, а жената која го возела автомобилот, била приклештена. Акцијата за нејзино извлекување траела речиси час и половина. Жената за среќа претрпела само полесни повреди.

Поврзани содржини