ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНА ТРАУМАТОЛОГИЈА ВО СТАРА ГРАДСКА БОЛНИЦА Мицкоски најави уште многу такви проекти

Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме – рече Мицкоски.

198

Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница, а во периодот кој следи ќе имаме уште многу вакви проеткти, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на реконструираното одделение во Градска болница.

Премиерот им се заблагодари и им честита на директорот и на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците на услуги од оваа здравствена установа добијат достоинствени услуги, достоинствен третман.






– Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме – рече Мицкоски.

Тој најави дека и во периодот којшто следи здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата.

– Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе Буџетот надминува една милијарда евра годишно, кој што се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти, кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што, ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години. Во периодот којшто следи ќе имаме уште неколку вакви проекти – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини