ИСЦРПЕНИ СЕ ПАРИТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО ЦЕНТАР Годинава нема да се примаат нови барања

18

Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на ова известување нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар.

Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29.04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар. За проектот „Цел Центар на точак“ за тековната година се предвидени вкупно 600.000 денари.






Јавниот повик за субвенционирање на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди останува активен. Граѓаните и понатаму можат да поднесуваат барања за субвенции за седишта за деца и/или заштитни кациги, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот, но најдоцна до 1 декември 2026 година.

За дополнителната опрема се субвенционираат 30% од цената, но најмногу до 1.000 денари.

Поврзани содржини