ЕВН НЕ ОДГОВАРА НА ПОВИЦИТЕ, СТОТИЦИ СЕМЕЈСТВА СЕ БЕЗ СТРУЈА Паднати десетина бандери во Волково

Во невремето што го погоди Скопје во вторникот попладне во Волково и во Орман паднаа повеќе дрвени бандери, а во Ново Село е преполовен и еден бетонски столб.

285

Стотици домаќинства во Волково од вчера попладне после големото невреме се без струја.

Од ЕВН не одговараат на повиците за да им одговорат на корисниците кои се причините за долгиот прекин и кога може да очекуваат електрична енергија.






Во невремето што го погоди Скопје во вторникот попладне во Волково и во Орман паднаа повеќе дрвени бандери, а во Ново Село е преполовен и еден бетонски столб. Дел од бандерите се навалени и се држат на кабли.

Во делови од Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Орман целосно нема струја, а во други делови има по една или по две фази.

Граѓаните се револтирани и од прекинот  и од недостигот на информации.

– Подолго од 12 часа немаме струја, а ниту информација од надлежните кога може да се очекува. Храната ќе се расипе, оти фрижидерите веќе се топли. ЕВН ги исклучил телефоните за дефекти и за информации, што нема никаквa смислa. Разбираме дека беше големо невреме, но не разбираме зошто никој од ЕВН не ни одговара на повиците. Од навремена и точна информација зависи како ќе се организираме за понатаму. Што ако немаме струја неколку дена, на пример? Нека ни дадат информација, за да знаеме што да правиме. Некој можеби има можности да ја премести храната во друго домаќинство, но чека во надеж дека струјата ќе дојде во секој момент – вели една револтирана жителка на Волково.

 

Поврзани содржини