📽️ КАМЕРА СНИМИ КАКО ПОКРИВ ПАЃА ВРЗ ВОЗИЛО Драматнични снимки од невремето во Скопје
Краткото, но силно невреме остави хаос низ главниот град. Силниот ветер откорнуваше кровови и дрвја, а една од најдраматичните сцени е снимена од внатрешноста на автомобил.
Краткотрајното, но силно невреме што попладнево го погоди Скопје предизвика сериозни штети на повеќе локации, а на социјалните мрежи се појави драматична снимка која го доловува моментот кога дел од кровна конструкција паѓа врз автомобил што се движи по улица.
На видеото се гледа како силниот ветер откорнува дел од покрив, кој за само неколку секунди паѓа директно врз возилото во кое се наоѓаат снимателите. За среќа, според досегашните информации, во овој инцидент нема информации за потешко повредени лица.
Невремето предизвика хаос во повеќе делови од главниот град. Покрај откорнати покриви, силниот ветер соборуваше дрвја кои паѓаа врз автомобили, улици и тротоари, а надлежните служби сѐ уште работат на расчистување на последиците.
Граѓаните и понатаму споделуваат фотографии и видеа од последиците, додека институциите апелираат да се избегнува движење во близина на оштетени објекти, дрвја и електрични водови додека целосно не се санира состојбата.
View this post on Instagram