ПАПАЗОВ ДАДЕ ОСТАВКА ПО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, ЛИМАНИ НЕ ЧУВСТВУВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР?! Петрушевски го праша: Имаш ли срам?
Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, прашува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава дека морална одговорност и оставка на Валбон Лимани е најмалку што требаше да се случи.
– Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? – вечи Петрушевски.
Тој потсети дека Љупчо Папазов од Кочани по пожарот во „Пулс“ веднаш поднесе оставка од функцијата градоначалник, и заедно со двајца негови претходници беше во притвор за приватен објект.
– Зошто сега нема осуда и барање на одговорност од страна на СДС, ДУИ и Таравари? Дали мислат дека затоа што е нивен кандидат треба да го штитат? Или пак сметаат дека како во времето на Филипче кога за модуларната виновен беше кабелот, сега треба да биде виновна пумпата? Ги охрабруваме надлежните институции и обвинителството, да не ги штитат блиските на Филипче, Ахмети и Таравари – додаде Петрушевски.