ЖЕШТИНА НАУТРО, А ПОТОА ПРЕСВРТ Попладне пороен дожд, грмежи и услови за невреме

Температурите ќе достигнат до 35 степени, а во попладневните и вечерните часови во делови од земјата се очекуваат локални врнежи, засилен ветер и можност за град.

1,601

Македонија ја очекува уште еден многу топол летен ден, но стабилното време нема да потрае до крајот на денот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне и навечер на повеќе места ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој на места повремено ќе засилува.






Утринските температури ќе се движат од 12 степени во Берово до 21 степен во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 степен во Маврово до 35 степени во Скопје.

Во главниот град ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 35 степени.

Во среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на места проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 11 до 20 степени наутро, а дневните ќе бидат меѓу 27 и 32 степени.

Во четврток повторно ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а максималните од 28 до 33 степени.

Поврзани содржини