И МНОГУ СРЕЌА НЕ Е НА АРНО! Жена завршила на Итна помош по свадбата на ќерката

Фразата „Би можел/а да умрам од среќа“ не треба да се сфаќа буквално. Но, тоа сепак може и навистина да се случи – иако е исклучително ретко.

611

Нова студија на случај, објавена во медицинското списание Oxford Medical Case Reports, опишува 65-годишна жена која била толку среќна по свадбата на својата ќерка што лекарите првично помислиле дека доживува срцев удар, пишува Science Alert.

Три дена по свадбената прослава, жената почувствувала болка во градите и отежнато дишење.






Кога побарала лекарска помош, веднаш била упатена на ургентен преглед. Резултатите од испитувањата, сепак, ги збуниле лекарите.

Се чинело дека протокот на крв до срцето е намален, што најчесто укажува на присуство на згрутчување на крвта. Но, и покрај деталните прегледи, такво згрутчување не било пронајдено.

Наместо тоа, лекарите забележале необично проширување на левата срцева комора, која добила форма слична на балон. Поради тоа, срцето ослабело и потешко ја пумпало крвта низ телото.

Колку и да звучи неверојатно, ваквата промена може да биде последица на ненадејна и интензивна среќа.

Кога човек ќе доживее силен бран на позитивни емоции или возбудување, организмот реагира со стресен одговор кој може привремено да го промени дури и обликот на срцето.

Што е синдром на среќно срце? Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини