КОМБЕ СО СРПСКИ ТУРИСТИ ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ КАЈ ВЕЛЕС Возачот заспал, нема повредени
Патниците од комбето, за српските медиуми рекле дека возачот заспал над воланот, поради што изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Сообраќајна несреќа во која наводно учествувало комбе што превезувало патници од Србија се случила рано утринава во близина на Велес, во Северна Македонија.
На првите фотографии до кои дошол „Блиц“ се гледаат последиците од оваа несреќа.
Можеби ќе ве интересира
Според првичните информации кои не се потврдени, до сообраќајната несреќа дошло откако, како што тврдат патниците од комбето, возачот заспал над воланот, поради што изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во возилото во моментот на несреќата се наоѓале осум патници, кои не се повредени. На возилото е причинета материјална штета. Комбето наводно превезувало државјани на Србија кон Грција.