ДОСЕГА ПРИЈАВЕНИ 3.100 ГРАЃАНИ СО СТОМАЧНИ ТЕГОБИ ВО ГОСТИВАР Клековски вели дека Министерството за здравство во ниту еден момент не криело информации

Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме - рече Клековски.

204

Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

– Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме – рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.






Првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот.

Досега, како што соопшти, имало речиси 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на брзата помош.

Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули првпат е забележано намалување на бројот на приеми.

Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести, која ќе излезе со соодветни препораки.

Поврзани содржини