ЦЕЛТА НА СДСМ, ЛЕВИЦА И ДУИ НЕ Е ПОДОБАР ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Целта им е Македонија да нема реформски успех
Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада, но ние повторно ќе бидеме предводници во регионот, а реформите ќе продолжат, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврди вистинската политика на СДСМ, Левица и на ДУИ, а таа е – колку полошо за Македонија, толку подобро за нив, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
– Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сами спроведовме 9. Не дојдовме до таа последната, токму поради блокадата на СДСМ, Левица и на ДУИ. Затоа што кога е потребен консензус, тие избираат конфронтација – рече Манасиевски.
Со тоа покажаа дека нивната цел не е подобар Изборен законик, ниту подобар изборен процес, додаде тој.
– Нивната единствена цел е Македонија да нема нов реформски успех, за потоа политички да профитираат од застојот што токму тие самите го создаваат – рече Манасиевски.
Ова не е првпат СДСМ, Левица и ДУИ да постапуваат на ваков начин, потсети тој.
– Секогаш кога државниот интерес ќе се судри со нивниот партиски интерес, тие го избираат партискиот интерес, без разлика на последиците за Македонија. Но, Македонија нема да биде заложник на нивните блокади. Реформите ќе продолжат, а државата ќе продолжи да се развива – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.