НАПАДНАТ НОВИНАР ВО ГОСТИВАР Некој се обидел да му ја одземе камерата

Според полицијата, најверојатно мотив за нападот била претходно објавена фото-вест од новинарот.

360

Б.М.(48) од Гостивар, новинар и сопственик на локална телевизија од Гостивар, синоќа пријавил во ОВР Гостивар дека околу 19:30 часот на улицата Илинденска во Гостивар, додека извршувал службена дејност, А.Л. од Гостивар му се заканувал и се обидел и да му ја одземе камерата.

„Според пријавеното, најверојатно мотив за нападот е претходно објавена фото-вест од новинарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.






Поврзани содржини