58 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Полицијата забележала 1.415 сообраќајни прекршоци викендов
Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли од вкупно 1.415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Можеби ќе ве интересира
Лишени од слобода за безобѕирно управување возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 за возење без возачка дозвола.
Во истиот период одземени се 23 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Во текот на изминатиот викенд евидентирани се 199 прекршоци за неправилно паркирање, како и 47 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани биле 125 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 183 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 18 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а 12 поради техничка неисправност. Санкционирани се и тројца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).