МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОЕВТИНА ЗА 156 ДЕНАРИ Синдикатот пресмета дека месецот може да се истера со 68.498 денари
Пресметката со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 83.873 денари.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува 68.498 денари и е пониска за 156 денари во однос на претходниот месец, информира Сојузот на синдикатите.
Пресметката со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 83.873 денари.
И овој месец најголем дел од трошоците на четиричлено семејство без автомобил, се за храна и пијалаци односно 36,5%.
Структура на новата СMK за месец јули 2026 година
| Месечно по домаќинство | Структура во проценти | |
| 01 Храна и пијалаци | 25.012 | 36,5 |
| 02 Облека и обувки | 6.511 | 9,5 |
| 03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење | 6.379 | 9,3 |
| 04 Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот | 2.667 | 3,9 |
| 05 Здравје | 1.196 | 1,7 |
| 06 Транспорт | 5.041 | 7,4 |
| 07 Комуникации | 3.677 | 5,4 |
| 08 Рекреација и култура | 5.592 | 8,2 |
| 09 Образование | 7.192 | 10,5 |
| 10 Ресторани и хотели | 4.131 | 6,0 |
| 11 Останати стоки и услуги | 1.100 | 1,6 |
| Вкупно СМК | 68.498 | 100,0 |