🎥 ТРАМП ОСТАНА НА ПОДИУМОТ ДОДЕКА ШПАНИЈА ГО КРЕВАШЕ ТРОФЕЈОТ Инфантино се обиде да го оддалечи од сцената

По доделувањето, Трамп остана на подиумот додека шпанските репрезентативци ја прославуваа титулата, по што Инфантино се обиде да го оддалечи за прославата да продолжи.

484

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно привлече големо внимание за време на финалето на Светското фудбалско првенство во Њу Џерси. Тој предизвика реакции и за време на церемонијата на доделување на трофејот.






Поради неговото присуство беа воведени засилени безбедносни мерки, поради што голем број навивачи на Шпанија и на Аргентина подолго време чекаа за влез на стадионот. За време на натпреварот, Трамп во неколку наврати беше исвиркан од дел од публиката кога се појавуваше на видео-бимот, како и за време на церемонијата по завршувањето на финалето.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му го предаде трофејот на Трамп, кој потоа им го врачи на новите светски шампиони – фудбалерите на Шпанија. По доделувањето, Трамп остана на подиумот додека шпанските репрезентативци ја прославуваа титулата, по што Инфантино се обиде да го оддалечи за прославата да продолжи.

Неговото присуство привлече внимание и поради средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез, со кого се поздрави во свечената ложа. Двајцата претходно разменија остри пораки околу прашања поврзани со издвојувањата за одбраната во рамките на НАТО и трговските односи.

Аргентинскиот одбранбен играч Ромеро одби да се поздрави со Трамп при доделувањето на медалите.

Поврзани содржини