ЖЕНА СИЛУВАНА ВО ЛИСИЧЕ ОД ДВЕ ЛИЦА Жртвата го пријавила случајот, приведен 41-годишник
Полицијата привела 41-годишен скопјанец, а се преземаат дополнителни мерки за утврдување на сите факти и околности.
Полицијата презема мерки за расчистување на случај во скопската населба Лисиче, каде што 32-годишна жена пријавила дека две лица извршиле обљуба врз неа.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот бил пријавен во СВР Скопје на 18 јули во 00:20 часот.
Во врска со случајот, од слобода е лишен А.М.(41) од Скопје, додека полициските службеници продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности.
Од МВР не соопштуваат дополнителни детали за случајот.