ТУРЦИЈА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕ Земјотрес од 5 степени утринава ја разбуди Малатија

Потресот бил регистриран рано утринава во источниот дел на земјата, а засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

125

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според податоците на АФАД, земјотресот бил регистриран во 6:20 часот по локално време, со епицентар во округот Баталгази.






Потресот бил на длабочина од 15,59 километри под површината на земјата.

Тресењето на тлото било почувствувано и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа.

Засега нема информации за евентуални жртви, повредени лица или материјална штета, а надлежните служби продолжуваат со проверка на состојбата на терен.

Малатија е една од турските области кои беа тешко погодени во разорниот земјотрес во февруари 2023 година, кога во јужниот дел на Турција и северна Сирија загинаа десетици илјади луѓе.

Поврзани содржини