🎥 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,3 СТЕПЕНИ ГО СТРЕСЕ МЕКСИКО Можни се цунами-бранови

Потресот се случи во мексиканската сојузна држава Чијапас, а според првичните информации нема повредени.

36

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени денеска го погоди Мексико. Потресот се случи во мексиканската сојузна држава Чијапас, по што беше издадено предупредување за можни цунами-бранови.

Американскиот геолошки институт (USGS), објави дека епицентарот бил во близина на пристанишниот град Пуерто Мадеро, на околу 13 километри од границата со Гватемала. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.






Гувернерот на мексиканската држава Оахака, Саломон Хара, соопшти дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град на државата, но дека според првичните информации нема повредени.

Минатиот месец во Венецуела имаше два силни земјотреси од 7.2 и 7.5 степени, а бројот на загинати е скоро 5.000.

Поврзани содржини