ГОСТИВАРСКИ „КОМУНАЛЕЦ“ НЕ ПРИФАЌА ВИНА ЗА МАСОВНОТО ТРУЕЊЕ Не е до пумпите, не е до водата, имаме лабораториски наоди
Директорката смета дека епедемијата не предизвикана од водата, туку од храната и од топлото време. Еден од аргументите за такво тврдење е и дека имало граѓани кои пиеле само флаширана вода, а сепак имаат симптоми како и сите останати.
Директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ Артана Асани ги негира тврдењата на МВР дека причина за епедимијата која веќе погоди околу 1.200 жители во Гостивар се поставените пумпи на „Комуналец“ во корито за истечни отпадни води, кои потоа навлегле во гостиварскиот водовод.
Според информациите од СВР Тетово, три пумпи биле поставени во корито на истечни отпадни води. Преку нив, водата директно се внесувала во главниот цевковод што го снабдува Гостивар со вода за пиење.
„Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните“, соопштија од полицијата.
– Пумпите се поставени на 25 јуни годинава, само за симулација, користени се само крако време во раните утрински часови за да се провери дали проектот ќе биде функционален. Врднаш потоа се исклучени, а таа вода во првиот испуст во селото Равен е испуштена во реката Вардар. На 26 јуни направени се анализи и истите се исправни – изјави директорката Асани за 360степени.мк.
Асани приложува микробиолошката анализа на примероци од водата земени по симулацијата од 29 јуни 2026 година, според кои во тој период водата е исправна за користење.
Директорката смета дека епедемијата не предизвикана од водата, туку од храната и од топлото време. Еден од аргументите за такво тврдење е и дека имало граѓани кои пиеле само флаширана вода, а сепак имаат симптоми како и сите останати.
ЈП „Комуналец“ во меѓувреме соопшти дека синоќа, Обвинителството, во соработка со Институтот за јавно здравје, зело дополнителни примероци, кои при првичните микробиолошки анализи ги исполнуваат вредностите и параметрите за безбедна вода за пиење. Сепак, велат од ЈП „Комуналец“- Гостивар, останува во сила официјалната препорака објавена на 24 јуни водата да не се користи за пиење, сè додека не се добијат конечните лабораториски резултати.
Во гостиварската болница за неколку дена се јавиле меѓу 1,000 и 1.200 граѓани со слични симтоми – повраќање, дијареа, телесна слабост и покачена телесна температура.