📷 ПИКФОРД ИМАЛ СПИСОК НА ПЕНАЛЏИИ ИСПИШАН НА ШИШЕ! Меси се вчудоневидил кога ја видел белешката

Додека Аргентина го славеше пласманот во финалето на Светското првенство, еден необичен детаљ од теренот предизвика насмевки кај „гаучосите“. Зад голот на Џордан Пикфорд беше пронајдено шише со белешки за тоа како аргентинските фудбалери изведуваат пенали.

356

Англискиот голман Џордан Пикфорд зад голот чувал белешки за аргентинските пеналџии. Откако Аргентина ја порази Англија, шишето заврши во рацете на Лионел Меси и неговите соиграчи.

Шишето го забележал член на стручниот штаб на Аргентина. Набргу завршило кај играчите, а потоа и кај капитенот Лионел Меси.






Според снимките што се проширија на социјалните мрежи, Меси и неговите соиграчи со љубопитност ги разгледувале белешките и барале превод на напишаното.

Детални инструкции за секој пеналџија

Белешките ги подготвил тренерот на голманите на Англија, Португалецот Енрике Хиларио. На списокот имало детали за повеќе аргентински репрезентативци и проценка каде најчесто шутираат од белата точка.

За Меси, на пример, било наведено:

„Лажно гледа лево, шутира десно.“

Монтиел – фрли на лево

Паредес – застани лево, фрли се надесно

Мек Алистер – фрли се надесно

Фернандез – застани во средина

Гонзалез – застани, потоа реагирај

Алварез – фрли се налево

Лаутаро Мартинез – фрли се надесно

Де Пол – застани десно, помести се кон средина, фрли се на лево

Фото: Принтскрин

Алмада – зависи од чувството тој ден

Отаменди – преправај се дека одиш десно, фрли се  налево

Лопез – фрли се  надесно, остави ја ногата

Паласиос – фрли се надесно, направи го решителниот прв чекор, оди!

Ло Селсо – преправај се дека одиш надесно, фрли се на лево

Паз – фрли се на лево

Медина – застани, фрли се на лево

Барко – застани, фрли се надесно

Лисандро Мартинез – застани, фрли се на лево

Молина – застани десно, фрли се надесно

Талафико – фрли се налево

Симеоне – фрли се надесно

Сенеси – фрли се надесно

Рулџи – фрли се на лево

Пеналите никогаш не дојдоа на ред

Иронијата е што Англија воопшто не стигна до пенал-рулетот. Избраниците на Томас Тухел водеа во второто полувреме и беа на чекор од финале, но Аргентина направи голем пресврт.

Енцо Фернандес и Лаутаро Мартинез со голови во завршницата го свртеа резултатот и ја одведоа актуелната светска шампионка во ново мундијалско финале.

Поврзани содржини