СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО ЛЕКАР, А ГИ ОСТАВАЛ БЕЗ ПАРИ Македонец обвинет во Хрватска за измама тешка 41.400 евра

Обвинителството во Загреб тврди дека 58-годишен македонски државјанин, заедно со засега непознати соработници, телефонски измамил шест лица, претставувајќи се како лекар кој бара пари за итно лекување на нивни блиски.

84

Македонски државјанин (58) е обвинет во Хрватска дека, претставувајќи се лажно како лекар, измамил шест лица и им одзел вкупно 41.400 евра, објави хрватскиот портал „Индекс“.

Според обвинението на Општинското кривично државно обвинителство во Загреб, измамите биле извршени во јуни и јули 2025 година, а осомничениот дејствувал заедно со засега непознати лица.






Обвинетиот телефонски ги контактирал жртвите и им кажувал дека е лекар. Им тврдел дека нивни блиски биле тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека итно се потребни пари за лекување.

Откако оштетените ќе се согласеле да платат, парите ги преземал тој или неговите соработници. Според обвинителството, на овој начин биле измамени шест лица, а причинетата штета изнесува 41.400 евра.

Обвинението е поднесено до Општинскиот казнен суд во Загреб. Против 58-годишниот македонски државјанин се води постапка за шест кривични дела измама, а обвинителството побарало да му биде продолжен притворот поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

Поврзани содржини