СЕ ПОВРЕДИЛ ПРИ СЕЧА НА ДРВА, ПОЧИНАЛ НА ПАТ КОН БОЛНИЦА Трагедија кај Дебар, 28-годишник им подлегна на повредите
Младиот жител на Седларево бил тешко повреден при сеча на дрва во атарот на Горно Мелничани, а починал додека со Брзата помош бил пренесуван кон болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Дваесет и осумгодишен жител на тетовското село Седларево го загуби животот откако се повредил при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера околу 14:20 часот во ОВР Дебар.
Повредениот М.Л. (28) со возило на Итната медицинска помош бил пренесуван кон Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, но на патот им подлегнал на повредите. Лекар од болницата констатирал смрт, при што не биле утврдени траги на насилство.
На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.