СИЛНИОТ ВЕТЕР ПРЕНАСОЧИ ЛЕТ ЗА СКОПЈЕ Авион на „Визер“ кружел над градот, па заминал за Приштина

Според податоците од платформите за следење летови, авионот извесно време кружел над Скопје во очекување на подобри временски услови и дозвола за слетување.

931

Поројниот дожд, силниот ветер и грмежите што попладнево го погодија Скопје предизвикаа проблеми и во воздушниот сообраќај. Авион на „Визер“, кој летал од швајцарскиот Базел кон македонската престолнина, не успеал да слета и бил пренасочен кон Приштина.

Според податоците од платформите за следење летови, авионот извесно време кружел над Скопје во очекување на подобри временски услови и дозвола за слетување.






По неколку обиди, екипажот донел одлука леталото да биде пренасочено кон аеродромот во Приштина, каде безбедно слетало.

Попладнево околу 16:30 часот главниот град беше зафатен од силно невреме проследено со пороен дожд, ветер и електрични празнења.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека нестабилната воздушна маса ги зафатила северозападните и централните делови од земјата.

Според прогнозите, невремето продолжило да се движи кон Велес, Свети Николе, Неготино и кон Кавадарци.

Поврзани содржини