МАЛОЛЕТНИК УКРАЛ И ИСПРАЗНИЛ КАРТИЧКА НА СВОЈОТ ДЕДО Бил поттикнат од возрасен беровчанец
На оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари, информира МВР во Билтенот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.
Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари.