📽️ БОНО ГО ПРОЧИТА, МБАПЕ ПРОМАШИ Французинот изведе еден од најлошите пенали во кариерата
Голманот на Мароко без проблем го одбрани ударот од белата точка, па четвртфиналниот дуел меѓу Францијаи Мароко на пауза замина без голови.
Франција пропушти идеална можност да поведе против Мароко во четвртфиналето на Светското првенство, откако Килијан Мбапе не успеа да реализира пенал во 28. минута.
Ѕвездата на Реал Мадрид самиот го изнуди најстрогиот удар по прекршокот на Нусаир Мазрауи, но кога дојде моментот да ја преземе одговорноста, упати слаб и недоволно прецизен удар.
Боно остана смирен
Мароканскиот голман Јасин Боно ја прочита намерата на Мбапе и без поголеми проблеми ја сочува својата мрежа.
Промашувањето веднаш стана една од главните теми на социјалните мрежи, а многумина оценија дека станува збор за еден од најслабите пенали што францускиот ас ги извел во дресот на репрезентацијата.
Mbappe has lost a penalty..! pic.twitter.com/VTAyTt3vtR
— Prime Sports Network (@PrimeSportNet) July 9, 2026
Франција доминираше, но не погоди
И покрај промашениот пенал, избраниците на Дидие Дешамп беа подобар противник во првото полувреме.
„Триколорите“ имаа поголем посед на топката, создадоа неколку опасни ситуации пред голот на Мароко, а во еден момент и гредата беше сојузник на африканската селекција.
Мароканците успешно го издржаа притисокот и на одмор заминаа со активен резултат и надеж дека можат да стигнат до нов мундијалски подвиг.