ПОЗНАТИОТ АКТЕР ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ Е ВО БОЛНИЦА Фанови му посакаа брзо закрепнување
Засега не се објавени детали за причините за хоспитализацијата на актерот.
Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски е хоспитализиран, објавија негови фанови на социјалните мрежи.
Гоце Тодоровски е едно од најпрепознатливите имиња во македонското глумиште. Генерации гледачи го паметат по бројните театарски, филмски и телевизиски улоги, особено по незаборавните ликови во култната серија „Македонски народни приказни“, со кои стана миленик на публиката.
Засега не се објавени детали за причините за хоспитализацијата на актерот.