ГАШИ БАРА РАЗЈАСНУВАЊЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЌАФАСАН „Во прашање е достоинството на избраниците на народот“

Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи“, вели претседателот на македонското Собрание во официјално соопштение.

117

Претседателот на Собранието Африм Гаши реагираше по информациите дека тројца македонски пратеници биле задржани на граничниот премин Ќафасан кон Албанија. Гаши вели дека е загрижен за постапувањето на албанските влеста со избрани претставници на граѓаните кои се, како што вели, носители на уставен мандат.

„Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот.






Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи“, вели Гаши во официјално соопштение.

Група политичари на ВЛЕН, координаторот на претничката група Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани, биле задржани еден час во средата попладне на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница.

Откако албанските полициски службеници не дале „зелено светло“ за влез во државата на едно од лицата во нивната придружба, целата група македонски политичари, во знак на протест, се вратила назад.

ТРОЈЦА МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ-АЛБАНЦИ ЗАДРЖАНИ НА ЌАФАСАН Партијата ВЛЕН бара објаснување од официјална Тирана

 

Поврзани содржини