РЕПУБЛИКАНЦИТЕ И ДЕМОКРАТИТЕ ВО САД СЕ ОБЕДИНИЈА ОКОЛУ КРИТИЧНИТЕ МЕТАЛИ Кај нас се блокираат инвестиции како Иловица
Во Македонија нов рудник за металични суровини не е отворен повеќе од четириесет години, а преку усогласувањето со европските директиви државата се очекува наскоро да ги дефинира критичните минерали. На листата на критични минерали на САД и на ЕУ се наоѓа токму бакарот, кој Македонија го поседува во солидни количини.
Американските демократи и републиканци се обединија за темата за критичните минерали. И покрај политичките тензии меѓу двете партии во САД, членови на Претставничкиот дом од власта и опозицијата заеднички поднесоа Акт, со кој се поттикнува рударството и ископот на минерали. Од друга страна, ваквите инвестиции кај нас постојано се блокираат, а последно тоа се случи со проектот за рудник за бакар во Иловица.
Во Македонија нов рудник за металични суровини не е отворен повеќе од четириесет години, а преку усогласувањето со европските директиви државата се очекува наскоро да ги дефинира критичните минерали. На листата на критични минерали на САД и на ЕУ се наоѓа токму бакарот, кој Македонија го поседува во солидни количини. Сепак, неколку инвестиции во рудници за бакар во минатото пропаднаа, а единствена активна во моментов е онаа во Иловица. Според пишувањата, Геолошкиот завод на Македонија во 1973 година спровел рани геолошки истражувања на ресурсите во Иловица-Штука, но тие стануваат интересни за инвеститорите со модернизацијата на рударството и новите технологии за експлоатација на рудните ресурси. Деталните геолошки истражувања на инвеститорот потврдиле ресурси од 410 илјади тони бакар.
Додека нашите богатства остануваат длабоко во земјата, во светот веќе се води „геополитика на минерали“, а тоа се потврдува и со најновиот американски акт.
„Кинеската комунистичка партија има контрола врз градежните основи на модерната технолошка економија: критичните минерали. Пекинг доминира, со повеќе од 70% од глобалното рударство на ретки метали и речиси 90% од рафинирањето, и постојано ја користи оваа моќ како оружје. Пристапот до овие минерали е „суштински за националната и економската безбедност на САД“, се наведува во т.н. „Доминанс Акт“.
Актот веќе го помина првиот филтер, а беше поднесен од републиканецот Америш Бера и демократката Јанг Ким. Според нив, САД мора да го поттикнат домашното производство на минерали, но не можат сами да ја задоволат побарувачката на пазарот и побарувачката од сојузниците.
„Растот на рударството, преработката и производството во САД е неопходен чекор за враќање на индустриската конкурентност и безбедноста на синџирот на снабдување. Сепак, дури и со ревитализиран „домашен сектор“, САД мора да изградат робустен меѓународен екосистем независен од Кина. Со работа со доверливи сојузници и партнери за изградба на нови капацитети за рударство и преработка, развој на минерали и енергетска инфраструктура и поттикнување на силна побарувачка за минерали кои не се од Кина, можеме да обезбедиме отпорни синџири на снабдување кои ја поддржуваат нашата економија, ја зајакнуваат одбранбената индустриска база и ја спречуваат Комунистичката партија да го држи слободниот свет како заложник“, се наведува во текстот.
Во него се додава дека е потребно мобилизирање на техничките капацитети на САД за забрзување на стекнувањето на приоритетни минерали и синџири на снабдување со енергија во странство; зајакнување на соработката со сојузниците и партнерите за зајакнување на образовните програми, капацитетот за рударство, преработка и рафинирање на безбедни пазари; воспоставување стратешки партнерства за минерали и енергија преку проценки за споделување на товарот на ресурсите, развој на проекти и долгорочни договори за снабдување.
Актот доби поддршка од повеќе организации со експертиза за национална безбедност, рударство, технологија, енергетика и политика, вклучувајќи ги Советот за климатско лидерство, Институтот за прогресивна политика, Националното здружение на производители, Советот за индустрија за информатичка технологија, Центарот за стратегија за критични минерали и други