НОВ СКОК НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Инвеститорите стравуваат од продолжување на конфликтот на Блискиот Исток

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека, според него, прекинот на огнот е завршен и предупреди за дополнителни воени дејствија против Иран, вклучително и нова блокада.

82

Цената на нафтата порасна откако американската војска потврди дека извршила напади врз Иран втор ден по ред, интензивирајќи ги тензиите и поттикнувајќи загриженост во врска со снабдувањето со енергија од Блискиот Исток.

Обновените непријателства ги зголемија стравувањата дека пропаѓањето на привремениот мировен договор меѓу САД и Иран повторно би можело да ги наруши глобалните испораки на нафта, а Ормускиот Проток останува во центарот на конфликтот.






Брентот денеска  се тргуваше со близу 78 долари за барел и порасна за околу 8% за оваа недела, додека амерканската нафта WTI се задржа над 73 долари за барел и порасна за повеќе од 6% за неделата.

САД соопштија дека нападите имале за цел да ја намалат способноста на Иран да ја загрози пловидбата низ Ормускиот Проток, додека Техеран вети голема одмаздничка кампања против американските воени бази низ регионот.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека, според него, прекинот на огнот е завршен и предупреди за дополнителни воени дејствија против Иран, вклучително и нова блокада.

Тој, исто така, предупреди дека цените на нафтата би можеле дополнително да се зголемат и рече дека идните напади може да бидат насочени кон клучниот извозен терминал на Иран на островот Харг.

Поврзани содржини