ПОЛЕСНО ДО ПАРИ ОД СТРАНСТВО Нови поконкурентни СЕПА тарифи во АЛТА Банка
Од 1 јули физичките лица не плаќаат надоместок за приливни СЕПА трансфери, додека за компаниите се воведуваат фиксни надоместоци без оглед на износот на трансакцијата.
АЛТА Банка од 1 јули 2026 година воведе нови, поповолни тарифи за СЕПА трансфери, нудејќи услови кои, според Банката, се меѓу најконкурентните на македонскиот банкарски пазар.
Со новата тарифна понуда, физичките лица – и резиденти и нерезиденти – повеќе нема да плаќаат надоместок за приливни СЕПА трансфери, односно прием на средства од странство во евра.
Истовремено, за правните лица се воведуваат фиксни надоместоци за приливни и одливни СЕПА трансфери, без оглед на висината на трансакцијата, што овозможува поголема предвидливост на трошоците при меѓународните плаќања.
Од АЛТА Банка посочуваат дека во услови на сè поголема меѓународна економска поврзаност, СЕПА трансферите стануваат сè поважен инструмент за граѓаните и компаниите кои примаат средства од странство, соработуваат со меѓународни партнери или реализираат прекугранични плаќања во евра.
Со новите услови, Банката има за цел да обезбеди поконкурентни и попристапни услуги, приспособени на реалните потреби на физичките и правните лица.
Детален преглед на новите тарифи е достапен на официјалната веб-страница на АЛТА Банка.