КУВАЈТ ПОВТОРНО НАПАДНАТ, СИРЕНИ И ВО БАХРЕИН Нова ескалација на Блискиот Исток, пресретнати ракети и дронови

Воздушната одбрана на Кувајт, според армиското соопштение, пресретнала ирански ракети и беспилотни летала, додека сирени за тревога повторно се огласиле и во Бахреин.

54

Кувајт втора ноќ по ред е цел на напади, откако американската војска изврши нова серија воздушни удари врз цели во Иран.

Воздушната одбрана на Кувајт пресретнала ирански ракети и беспилотни летала, се наведува во соопштение на армијата објавено рано утринава на платформата „Икс“. Засега не се објавени дополнителни информации за нападите.






Сирените за воздушна опасност повторно се огласиле и во Бахреин, исто како и претходната ноќ. Министерството за внатрешни работи ги повикало граѓаните да побараат засолниште и да останат смирени.

Кувајт, Бахреин и други земји од Персискиот Залив и претходно биле цел на ирански напади. Во Кувајт и во Бахреин, кои се сојузници на САД, се наоѓаат американски воени бази, лоцирани на само неколку стотици километри од Иран.

Американската војска во текот на ноќта започнала нова серија воздушни напади врз цели во Иран, наведувајќи дека целта е да се ограничи способноста на Техеран да го загрозува поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп предупредил дека ќе следуваат уште посилни напади доколку Иран продолжи со нападите врз бродови.

Поврзани содржини