КОНТРОВЕРЗА ВО ФИФА ПРЕД ЧЕТВРТФИНАЛЕТО „Не“ за Французите, а „да“ за Американецот

Франција не успеа да го поништи жолтиот картон на Михаел Олисе, само неколку дена откако ФИФА му ја уважи жалбата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

153

Нова одлука на ФИФА предизвика реакции на Светското првенство, откако светската куќа на фудбалот ја одби жалбата на Франција за поништување на жолтиот картон на Михаел Олисе. Со тоа, францускиот репрезентативец ќе настапи против Мароко со ризик да го пропушти евентуалното полуфинале.

Олисе беше опоменат во судиското продолжение од осминафиналниот натпревар против Парагвај, кој Франција го доби со 1:0.






Дешамп ја потврди одлуката

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, откри дека ФИФА ја одбила жалбата на Француската фудбалска федерација.

– Утрово добивме одговор од ФИФА. Жолтиот картон останува – изјави Дешамп пред четвртфиналниот дуел со Мароко.

Тоа значи дека Олисе ќе биде суспендиран за следниот натпревар доколку заработи нова јавна опомена.

Контраст со случајот Балогун

Одлуката привлече дополнително внимание бидејќи доаѓа само неколку дена по случајот со американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Тогаш ФИФА ја уважи жалбата на САД и го поништи црвениот картон на напаѓачот, овозможувајќи му да продолжи со настапите на турнирот.

Токму поради различниот исход на двете жалбени постапки, дел од француските медиуми и навивачи ја доведоа во прашање конзистентноста на критериумите.

Проблем за Франција пред Мароко

Одлуката претставува дополнителна грижа за францускиот стручен штаб пред четвртфиналето.

Олисе е еден од клучните играчи во средниот ред на „триколорите“, а евентуална нова опомена би значела негово отсуство во најважната фаза од шампионатот.

Поврзани содржини