ТРАМП ЌЕ МОРА ДА Ѝ ИСПЛАТИ МИЛИОНИ НА ЕЛИЗАБЕТ ЏИН КЕРОЛ Колумнистката го тужеше дека сексуално ја нападнал во 1990-тите
Американски судија нареди да бидат ослободени средствата што поранешниот претседател ги депонирал по пресудата за сексуален напад и клевета врз авторката Е. Џин Керол.
Американски суд нареди авторката Е. Џин Керол да ги добие милионите долари што Доналд Трамп ги депонирал по пресудата од 2023 година, откако пропадна неговиот обид дополнително да го одложи плаќањето. Станува збор за вкупно околу 5,8 милиони долари со пресметана камата.
Судијата Луис Каплан пресуди средствата да бидат исплатени од судската сметка на која биле чувани додека траела жалбената постапка.
Поротата му наложи да плати отштета
Порота во Њујорк во мај 2023 година утврди дека Трамп е одговорен за сексуален напад врз Е. Џин Керол во средината на 1990-тите во стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ на Менхетен.
На Керол ѝ беа доделени 5 милиони долари отштета поради сексуалниот напад и клеветата што следела откако Трамп јавно ги отфрлил нејзините обвинувања.
Долгогодишна американска новинарка и колумнистка, тврдеше дека Трамп сексуално ја нападнал во гардероба на стоковната куќа. Откако јавно ја изнесе приказната Трамп ги отфрли обвинувањата и ја обвини дека измислува, по што Керол покрена тужба за сексуален напад и клевета.
Врховниот суд не му помогна
Правниот тим на Трамп се обидел да го одложи исплаќањето за да побара преиспитување на случајот пред Врховниот суд на САД. Тоа барање било одбиено, со што биле исцрпени можностите за натамошно одложување на исплатата.
Трамп постојано ги негира обвинувањата на Керол и тврди дека случајот е политички мотивиран.
Не е познат точниот датум на исплатата
Судијата Каплан не навел кога точно средствата ќе бидат префрлени на сметката на Керол, но наредбата овозможува процесот да започне веднаш.
Керол, поранешна колумнистка и писателка, денес има 82 години.