СДСМ И ЛЕВИЦА ЗДРУЖЕНО РАБОТАТ НА ШТЕТА НА ДИЈАСПОРАТА Сакаат да го спречат нивното право на глас
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение вели дека ќе продолжи да работи за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин.
Договорот меѓу Левица и СДСМ за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден сѐ повеќе се потврдува – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Меѓу СДСМ и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти. Што денес зборува Венко Филипче, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДСМ, уште веднаш го повторува политичката партија Левица. Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат.
Тоа што СДСМ и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас, не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници, како и да создадат нови пречки во изборниот процес. И ваквата нивна цел сѐ повеќе им станува јасна на македонските граѓани и во државава и во странство, и тие добро знаат дека ова е однапред договорена стратегија.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш ги штити правата на сите македонски граѓани каде и да се, и работи во нивен и во интерес на државата. Токму затоа ќе продолжи да се залага Изборниот законик да се донесе со широк политички консензус, ќе работи за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин“ – наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.