ТРАГЕДИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА СТАНУВА СÈ ПОГОЛЕМА Бројот на жртвите достигна 3.535, над 17.000 луѓе останаа без дом

Две недели по катастрофалните земјотреси, бројот на жртвите во Венецуела достигна 3.535, додека илјадници лица сè уште се водат како исчезнати, а околу 17.000 останаа без своите домови.

68

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две недели ја погодија Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат официјалните податоци објавени синоќа.

Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените области е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица и натаму се водат како исчезнати.






Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања соопшти дека ОН и нивните партнери продолжуваат да ја прошируваат хуманитарната помош за погоденото население.

Дел од тимовите за пребарување и спасување сè уште се на терен, додека во Венецуела пристигнуваат дополнителни специјализирани екипи, меѓу кои медицински и инженерски тимови.

Според Канцеларијата, постепено се обновуваат клучните услуги, вклучувајќи го снабдувањето со електрична енергија и телекомуникациите.

Во меѓувреме, најмалку 79 привремени центри за сместување, организирани во стадиони и спортски сали, се во функција за згрижување на раселените лица и за дистрибуција на хуманитарна помош. Во разорните земјотреси околу 17.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Поврзани содржини