ГРМЕЖИ КАКО ВОВЕД ВО НОВ ТОПОЛ БРАН Утре можен пороен дожд, потоа следуваат високи температури
Сончевото време ќе преовладува во поголем дел од денот, но попладне на повеќе места ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Веќе од следните денови метеоролозите најавуваат пораст на температурите.
Времето утре, 7 јули, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 9 до 36 степени.