АПТЕКИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ИЗДАВААТ КЛЕКСАНИ НА РЕЦЕПТ ОД 1 ЈУЛИ Фондот за здравство се огласи по реакциите од граѓани
Лекот што со години се купуваше со сопствени средства од 1 јули треба да биде достапен на рецепт. Фондот за здравство се огласи откако граѓани пријавија дека во одредени апетки не можат да го подигнат.
Фондот за здравствено осигурување се огласи откако граѓани пријавија дека не можат да го подигнат лекот „клексан“ на рецепт во одредени аптеки. Од институцијата велат дека лекот од 1 јули е на Позитивната листа и треба да биде достапен во аптеките што имаат договор со Фондот.
„Од 01.07.2026 година, лекот enoxaparine (Клексан) е обезбеден преку Позитивната листа на лекови и може да се набавува и издава во ПЗУ аптеките кои имаат склучен договор со Фондот. Согласно одредбите од склучениот договор со Фондот, аптеките се должни да обезбедуваат, односно да набавуваат и издаваат лекови за потребите на осигурените лица, за одредени медицински дијагнози и во рамки на законските прописи.
На овој начин, осигурените лица лекот го подигнуваат во аптеките кои имаат договор со Фондот, врз основа на рецепт издаден од избраниот лекар, без претходно да го купуваат и потоа да поднесуваат барање за рефундација“, соопшти ФЗОМ:
Лекот уште лани требаше да биде ставен на позитивната листа, но поради технички и административни проблеми процедурите се пролонгираа.