ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА Дизелот за два и пол денари, а бензините за еден денар
Единствено поевтини мазутот кој од полноќ ќе чини 41,230 денари за килограм.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цените на горивата во просек за 1,47 %.
Според одлуката, од полноќ дизелот поскапува за 2,50 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинствата за 2,00 денара, а бензините поскапуваат за 1,00 денар.
Регулаторите пресметаа и пониска цена на мазутот за 0,265 денари кој ќе чини 41,230 денари по килограм.
Според одлуката на РКЕ, од полноќ ќе важат следните цени:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,50 (ден/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 87,50(ден/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС – 82,50 (ден/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (ден/литар)
– Мазут М-1 НС – – 41,230(ден/килограм)