ГРОЗЈЕ, ЧАША ВИНО И БУЛКИ ЗА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Дивна Пешиќ со емотивен ликовен поздрав се прости од починатиот поет и пејач
„Тоа се чувства преточени во стихови, зборови што засекогаш ќе допираат до срцето и душата“ – напиша Пешиќ во својата објава за песните на Владо Јаневски.
Нашата шампионка во стрелаштво и ликовна уметница Дивна Пешиќ на емотивен начин му оддаде почит на Владо Јаневски, кој минатата недела почина на 65-годишна возраст, по кратко боледување.
Таа му посвети уметничко дело, кое го создала инспирирана од неговиот лик, музика и неизбришливото наследство што го остави зад себе.
Покрај објавата што ја сподели за нејзиниот драг пријател е и нејзиното уметничко дело на кое главни мотиви се грозјето, чаша вино, булки…
„На Македонија ѝ остави нешто што не може да се измери со никаква награда, песни што се дел од сите животи, љубови, разделби, спомени и тишини. „Булки“, „Црно Тиквешко“, „Некогаш и негде“, „Полско цвеќе“, „Парче душа“, „Не зори зори“, „Не заборавај да се сетиш на мене“… Тоа не се само песни. Тоа се чувства преточени во стихови, зборови што засекогаш ќе допираат до срцето и душата“ – напиша Пешиќ во својата објава.
View this post on Instagram
View this post on Instagram